UKIM logo ФИНКИ ЛОГО

Студентски сервиси

Eduroam Logo


Што е eduroam?

Eduroam (education roaming) им дозволува на корисниците (истражувачи, професори, студенти, персонал) од институции кои поддржуваат eduroam да се поврзат на интернет преку било која институција која поддржува eduroam. Принципот на работа на eduroam се базира на фактот дека автентикацијата на корисникот се врши од матичната институција на самиот корисник, а одлуката авторизација на корисникот, дали тој ќе може да се поврзе, се врши во мрежата во институцијата преку која пристапува.

Јас сум студент/професор, дали може да користам eduroam?

Како краен корисник можете да го користите eduroam само ако Вашата институција обезбеди систем за електронски идентитет (пример, сметка за пристап на мрежа). Во тој случај ќе морате да контактирате со администраторот во Вашата институција и да побарате корисничка сметка. Вие (или Вашиот мрежен администратор) ќе мора да го подесите вашиот уред да поддржува eduroam пристап.

Колку чини eduroam?

Eduroam е бесплатен за корисниците, не се плаќа за користење на eduroam било каде во светот. Провајдерите на eduroam пристапните точки треба да се погрижат да го направат сервисот достапен за да им служи на сите членови на истражувачката и образовната околина.

Како работи eduroam?

Кога корисник ќе се обиде да се најави на мрежа на институција која поддржува eduroam, барањето за автентикација на корисникот се праќа до домашната институција на корисникот. Ова се врши со помош на хиерархиско поставни RADIUS сервери. Институцијата на корисникот ги проверува информациите за најава и враќа назад на институцијата на која се поврзува корисникот (преку RADIUS сервери) резултатот од најавата.

Дали eduroam е безбеден за користење?

Eduroam е базиран на најбезбедните енкрипциски и автентикациски стандарди кои постојат. Безбедноста на eduroam е далеку подобра од типичните комерцијални хотспотови. Но корисникот треба да запамети дека при користење на eduroam хотспот, ќе се применуваатлокалните безбедносни мерки. На пример, подесувањата за firewall на посетената институција може да бидат различни од тие на домашната институција, па така можно е да имате помалку достапни сервиси на Интернет отколку кај домашната институција.

Назад    Упатства за поврзување со eduroam

Пристап

Централниот Автентикациски Сервис на ФИНКИ овозможува пристап до сите овие сервиси, а секој студент може да ги користи само оние што му се потребни. Сите студенти добиваат иницијално корисничко име кое е еднакво со бројот на индексот, а можат да ја променат или активираат својата лозинка преку сервисот за промена на лозинка.

© 2011 ФИНКИ Сите права се задржани